До Секторот за урбанизам во општина Тетово биле доставени околу 7900 барања за легализација на бесправно изградени објекти. Од нив, 2837 се решени и легализирани, за нешто повеќе од илјада се чека да бидат платени потребните надоместоци за урбанистичка согласност или добивање на решението за легализација, а за нешто над 3900 барања треба дополнување на потребната документација.
Ова го соопшти Неџати Зулбеари, раководител на Секторот за урбанизам, кој денеска го презентираше процесот на легализација.
– Најголеми проблеми со кои се одложува легализирањето на објектите се немањето геодетски елаборати од барателите, неисплатен надоместок, проблем со сопственоста и слично. Во однос на бесправно изградените приватни објекти на јавните површини, ќе треба да се чека на одлуките од Советот на општина Тетово, изјави Зулбеари.