Леш на кит кој е пронајден на Филипини имал 40 килограми пластични кеси во стомакот.
Од Природнонаучниот музеј на Филипини изјавиле дека животното било преполно со пластика:„Никогаш не сме виделе повеќе пластика во кит“.
Во стомакот на китот пронајдени се 16 кеси од ориз, како и повеќе различни видови пластични кеси јавува ВСС. Отфрлената пластична амбалажа е голем проблем во некои земји на југоисточна Азија, вклучувајќи ги и Филипини.
Според извештаите на еколошката кампања за зачувување на океаните и Мекинс центарот за бизнис и животна средина, се проценува дека околу 60 проценти на отпадот од пластика од Кина, Филипини, Вијетнам и Тајланд завршува во океаните.
Работниците од Природнонаучниот музеј на Филипини на почеток на март успеале да излечат еден филипински кит. Во јуни минатата година на Тајланд е најден леш на кит со 80 пластични кеси во себе.