Илјадници луѓе во Тел Авив учествуваа во составувањето на над 500.000 пластични LEGO коцки, и ја создадоа највисоката конструкција од овој вид во светот. Настанот е организиран во спомен на 8 годишно детенце од Израел кое во 2014 година починало од рак, а било голем љубител на овие играчки. Над 20 здруженија во периодот од 12 до 24 декември креирале различни сегменти од конструкцијата висока 36 метри, поставена на Rabin Square во Тел Авив. Нивните имиња се напишани на самата креација на хебрески и арапски. Настанот бил спонзориран од страна на управата на градот Тел Авив и здружението „Млади инженери“( Young Engineers).