Во текот на продолжениот викенд (06,07,08 и 09 септември) на подрачјето на Скопје, сообраќајната полиција казнила 109 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената, јавува Макфакс.
Покрај тоа, од сообраќај биле исклучени 76 возачи од кои: 53 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, 15 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и осум возачи-почетници кои не ги почитувале сообраќајните прописи.
Од сообраќај биле исклучени и 65 нерегистрирани возила.
Поради поминување на крстосница на црвено светло биле санкционирани 13 возачи, а четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци.
Во однос на пешаците, во текот на продолжениот викенд, санкционирани биле двајца пешаци поради преминување улица вон пешачки премин.