Светската здравствена организација го објави својот 25-ти годишен извештај за состојбите со климата на светско ниво, кој е достапен на следниот линк: https://library.wmo.int/doc_num.php?explnum_id=5789.
Овогодишното издание се базира на податоци собрани во текот на 2018 година и обезбедува докази дека порастот на температурите е поврзан со појавата на топење на глечерите, порастот на нивото на морињата и сл. Извештајот не соочува со сознанието дека последиците од екстремните климатски услови и климатските промени во изминатата година на своја кожа ги почуствувале 62 милиони лууѓе. Европјаните и Австралијците искусиле повисоки температури, а жителите на Северна Америка се бореле со екстремно студени периоди. Климатските промени принудуваат многу луѓе на преселба, па Меѓународната Организација за миграции до септември 2018 година збечлежила над 2 милиони случаи на преселба предизвикани од промените во климата. Миграциите се главно поттикнати од сушите, поплавите и бурите, вклучувајќи ги и ураганите.