Се проверуваат 1.100 лиценци согласно Законот за градба и законот за урбанистичко планирање, на 97 фирми ќе им бидат одземени.
Во тек е контрола на сите издадени лиценци согласно законот за градба и законот за урбанистичко планирање, истакна на денешната прес конференција вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
„Имајќи во предвид она што се случи минатат недела, односно во неделата, кало Влада донесовме одлука да се направи контрола на сите издадени лиценци од страна на министерствата во рамки на владата, без разлика на што се однесуваат. Ова одлука се однесува на сите министерства и сите институции кои што издават лиценци од било кој тип и таа активност е веќе започната“, изјави вицеремиерот.
Констатирано е дека по издавањето на лиценците, правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои тие им биле издадени. Ќе следат и проверки кај издадените лиценци за патен превоз, најави министерот за транспорт Александар Николоски
До вторник треба да заврши контролата која ја спроведува Министерството за транспорт по однос на Законот за градење и урбанистичко планирање, а потоа ќе следат јасни законски измени, најави министерот за транспорт и врски Александар Николоски на прес-конфернеција во Владата. Контролата ги опфаќа изведувачите на градби од прва и втора категорија, надзорот на градбите од двете категории и нивното проектирање, како и ревизијата на проектната документација, а опфатени се и управителите на зградите и нивните лиценци за изработка на урбанистички планови. Николоски не откри колку закони ќе треба да се променат, но рече дека веќе е формирана работна група која интензивно работи. Во моментов, според министерот Николоски, може само да се каже дека ќе биде заострена контролата за сите издадени лиценци и таа ќе мора да се врши на секои шест месеци.