Насловна / Вести / Во тек е јавен повик за финансирање проекти и активности од областа на културата

Во тек е јавен повик за финансирање проекти и активности од областа на културата

Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека во тек е јавниот повик за финансирање проекти и активности од областа на културата, а од интерес на Градoт за следната година.

Повикот ќе трае до 18 декември, а ќе може да се поднесат предлог-проекти за неколку области, и тоа  поддршка на проекти, манифестации и активности во доменот на  професионалното, аматерското и младинското дејствување преку изведбени уметности, музички уметности, визуелни уметности и уметност на новите медиуми, издавачка и библиотечна дејност, музејска дејност и промоција на културното наследство, меѓународна соработка и професионална, аматерска и младинска како поткатегории за секоја област.Skopjejpg

На јавниот повик право да учествуваат имаат уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други правни и физички лица што вршат дејност од областа на културата во согласност со Законот за културата и други позитивни законски прописи во Република Македонија.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени во „Службениот гласник на Град Скопје“ и на официјалниот веб-портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk, со објавување на програмата за финасирање програми и проекти од областа на културата од интерес на градот Скопје за 2018 година.

На веб-страницата на Град Скопје објавен е и јавен повик за доделување средства за финансирање и поддршка на програмите на јавните установи од областа на културата основани од Градот Скопје, на кој 8-те установи од областа на културата ќе може да поднесат апликации за предлог-проекти. Повикот ќе трае до 18.12.2017 година.

Повикот за финансирање на јавните установи од областа на културата заедно со пријавата може да се подигне на следниот линk:
http://skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=654

Дополнителни информации може да се добијат на следните телефонски броеви:  02/3297-323, 02/3297-324, 02/3297-289 и на имејл-адресата [email protected].

Испрати коментар

Scroll To Top