Во тек е изградбата на нова хидроелектрана во Украина, која ќе биде најголема во Европа. Лоцирана на реката Дњестар, истомената електрана ќе има капацитет од 2268MW, по што ќе биде и шеста наголема хидроелектрана во светот. Точната вредност на инвестицијата не е позната на јавноста. Владата се гордее со оваа инвестиција, и истакнува дека 80% од опремата потекнува од украински производители. На проектот ќе бидат ангажирани околу 1000 градежни работници, а во оперативната фаза електраната ќе обезбеди 400 нови вработувања.