Таџикистан официјално започна со изградба на браната Рогун, голем проект кој по завршувањето ќе претставува највисока брана на светот и ќе ја снабдува централна Азија со електрична енергија. Браната е восока 335 метри и се наоѓа 100 километри источно од главниот град Душанбе. Инвестицијата вреди 3,9 милијарди долари, a инсталираната моќност на овој хидрокапацитет е 3600 MW, со што производството на електрична енергија во земјата ќе се удвои.
Узбекистан се противи на овој проект на реката Вакш, чија изградба била во план уште пред повеќе од 40 години во времето на Советскиот Сојуз, бидејќи целокупното земјоделство во оваа земја зависи од водата што ја добива од Таџикистан.