По неколкудневното дишење на загаден чад и протести на граѓаните на Струга, од синоќа почна гасењето на пожарот на дивата депонија недалеку од Струга.
Надлежните институции конечно од вчера испратија соодветна механизација за гасење на пожарот што веќе неколку дена предизвикува сериозни проблеми.
Стружани со години од надлежните органи бараат решавање на овој проблем, а сега и итна интервенција за гасење на пожарот на депонијата која е на само 500 метри од градот. Граѓаните бараат депонијата да се дислоцира и стратешки да се реши овој проблем.
Ветувања и од локалните власти и од Министерството за животна средина имаше, но резултат немаше. Од депонијата и натаму чади. Надлежните велат дека веќе денеска ќе се обидат да го сопрат пожарот, а потоа и да ја конзервираат депонијата.