Градоначалникот на Струга Зијадин Села додели 40 решенија за легализација на бесправно изградени објекти на територијата на општината за кои граѓаните претходно имале поднесено барања за вклопување.
Според Села, граѓаните што имаат поднесено барања за легализација без комплетна документација, треба да го запазат законскиот рок да ги достават сите потребни документи за да се вклопат нивните бесправно изградени објекти.
– Апелирам до сите што имаат поднесено барање, да ги комплетираат своите документи во законски предвидениот рок до крајот на 2015 година за да може да се заокружи целиот процес околу легализацијата, – вели Села.
Како што информира Села, до општината биле поднесени 5.000 барања за легализација. Досега биле завршени 531 предмети, а за околу 3.000 треба да се комплетира соодветната документација.