Во амазонската прашума откриена е карпа прекриена со уметнички прикази на животни и луѓе, за кои се верува дека се стари 12 и пол илјади години.
Ѕидот е долг околу десет километри и археолозите веќе го нарекоа „Античка сикстинска капела“ поради богатството на цртежите.
Истражувањето е дело на тим британски и колумбиски археолози, финансирано од Европскиот совет за истражување.
Фасцинантни цртежи откриени се на територијата на Националниот парк „Чирибикете“ во Колумбија.
На сликите се гледаат човечки фигури, има и отпечатоци од дланки, но и прикази на мастодони, изумрени животни од семејството слонови.
Се верува дека овие слики, кои даваат увид во античката цивилизација које е сега изгубена, се создадени од некои од првите луѓе кои стигнале до регионот на Амазонија.
Археологот и истражувач Ела Ал Шамахи, вели дека „новиот археолошки локалитет е повеќе од возбудлив“ и дека сè уште не му е дадено официјално име.
„Зборуваме за илјадници слики. Додека ги гледате, емоциите едноставно надоаѓаат. Ќе бидат потребни генерации истражувачи да ги анализираат “, рече водачот на тимот, професор по археологија Хозе Ириалт.
Не е точно познато која заедница е „автор“ на овие уметнички дела, но се верува дека тие се предци на племињата Јаномами или Кајапо.