Насловна / Вести / Во Србија завршен тунел и вијадукт по кои возовите ќе развиваат брзина од 200 километри на час

Во Србија завршен тунел и вијадукт по кои возовите ќе развиваат брзина од 200 километри на час

Завршена е и изградбата на вијадукт и тунел на брзата пруга Стара Пазова-Нови Сад.

Модернизацијата и изградбата на двоколска отворена пруга Стара Пазова – Нови Сад (40,4 километри), вклучително и изградбата на тунелот и вијадуктот „Чортановци“, се дел од проектот за изградба на брзата пруга помеѓу Белград и Будимпешта. Изведувач е руската компанија „РЖД Интернешнл“, а проектот е финансиран од руски кредит за модернизација на српските железници. Тунелот и вијадуктот „Чортановци“, кои се наоѓаат на линијата Стара Пазова – Нови Сад, се едно од најголемите инфраструктурни и инвестициони градилишта  во овој дел на Европа. Изградени се две тунелски цевки, секоја со еден колосек долга 1,1 километри. Вијадуктот е долг 2,9 километри, носен од 59 столба, од кои највисокиот е 28 метри.

4

Руската компанија РЖД Интернешнл ги заврши градежните работи, порано повеќе од шест месеци од предвидениот рок.

Работите на изградбата на тунелот со две паралелни цевки со вкупна должина 2,2 километри, се извршуваа непрекинато од септември 2017 година и се завршени седум месеци пред договорените рокови. Непосредната изградба на тунелот траеше три години. Пробивањето се одвиваше истовремено на четири точки на двете цевки на северните и јужните портали. Во моментов во тунелот се поставува горниот строј на колосекот.

3

Работите на изградбата на вијадуктот започнаа на 1 ноември 2017 година и завршија шест месеци пред планираните рокови. Неговата должина е три километри. Вијадуктот е проектиран на излезот од тунелот Чортановци пред Сремски Карловци и се протега во поплавениот дел на Дунав. Дел од објектот се наоѓа на стрмен терен и затоа, со цел да се обезбеди сигурност за време на изградбабата и употребата, изградени се 20 заштитни конструкции од одрони.

1

При изградбата користени се напредни руски и меѓународни технологии, кои беа тестирани, меѓу другото, и за време на изградбата на олимписките објекти во Сочи. Надзорните органи, акредитираните лаборатории и независните консултанти постојано го контролираа квалитетот и текот на работа на повеќе нивоа. Рокот за безбедно користење на објектите одреден со проектот ќе биде најмалку сто години.

2

„РЖД Интернешнл“ продолжува со работите на изградба и реконструкција на железничката линија на делницата Стара Пазова – Нови Сад, дел од пругата Белград – Будимпешта од Паневропскиот сообраќаен коридор Х. По завршувањето на сите работи во согласност со проектот, патнички возови ќе може да развива брзина до 200, а товарни до 130 километри на час.

5

Испрати коментар

Scroll To Top