Министерот за рударство и енергетика на Србија Александар Антиќ, свечено во Кула го отвори првиот ветерен парк во Србија, во чија изградба италијанско – српската компанија MK Fintel wind вложила 15 милиони евра.
Ветерниот парк се состои од три ветрогенератори од типот “Vestas” од Данска со височина од 178 метри и моќност од 9,9 MW. Се работи за највисоки столбови на ветерни турбини во Југоисточна Европа. Ветерната централа годишно ќе произведува 27 милиони kWh.