Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Во Србија, 90 проценти од објектите се енергетски неефикасни

Во Србија, 90 проценти од објектите се енергетски неефикасни

termoZgrada
Во моментот во Србија од околу три милиони објекти, 90% се енергетски неефкасни, изјави претседателот на Собранието на Инженерската комора на Србија, Драгослав Шумарац. Тој истакна дека до 2020 година, Србија ќе мора да ја подобри енергетската ефикасност на објектите за 50%, но за тоа ќе бидат потребни околу 1,6 милијарди евра.

Според претходните најави на надлежните, овие средства би требало да се обезбедат преку поволни кредити. Шумарац подвлече дека моментално во Србија, просечната потрошувачка на енергија за греење на годишно ниво е околу 150-200 kwh по метар квадратен, што е неколку пати над европскиот просек.

Извор: elektroenergetika.info

Испрати коментар

Scroll To Top