Насловна / Вести / Во Солун одржан Енергетски форум за Југоисточна Европа

Во Солун одржан Енергетски форум за Југоисточна Европа

Неодамна одржаниот форум за енергетика во Солун, покажа уште еднаш дека средбите, заедничките активности и соработката во оваа област се особено значајни  за регионалното поврзување и стабилност. Притоа, беше истакнато дека форматот на поврзување преку Западен Балкан 6 (WB 6) и Енергетската заедница бележи сериозен придонес во развојот на регионот. „Во време во кое енергетиката одамна престана да биде само економска тема, туку и важно геополитичко прашање, потребна е силна меѓусебна соработка, како и Мастер план во функција на енергетска сигурност. Земјите од Западен Балкан имаат исти приоритети – сигурност во снабдувањето, диверзификација на изворите на снабдување, конкурентен пазар, зголемување на уделот на обновливи извори, а малку е веројатно дека секоја земја одделно ќе може да ги исполни овие цели. Последново е уште повеќе поткрепено и со фактот што Западен Балкан е енергетски зависен и со години се соочува со недостаток на енергетска инфраструктура“, беше заклучено од страна на учесниците на Енергетскиот форум.

SEEF1

Испрати коментар

Scroll To Top