Бугарската престолнина потпиша договор за набавка на 126 автобуси кои како погонско гориво ќе користат природен гас. Вредноста на овој договор е 33,3 милиони евра, а автобусите ќе се испорачаат во фази до крајот на годината. Се работи за нископодни автобуси, достапни и за лицата со посебни потреби.
Јавниот градски превоз во Софија, освен автобуси поседува и трамваи и тролејбуси. Според последниот попис во градот живеат 1,4 милиони жители.
Извор: energetika.ba