Насловна / Архитектура / Во слава на 100 години Баухаус во Скопје изложба на берлинскиот фотограф Жан Молитор

Во слава на 100 години Баухаус во Скопје изложба на берлинскиот фотограф Жан Молитор

Германската амбасада и Гете Институт Скопје на македонската публика ќе ѝ ја претстават највлијателната образовна установа во областа на архитектурата, уметноста и дизајнот – Баухаус, кој оваа година го слави својот 100 годишниот јубилеј. По тој повод ќе се организраат случувања во Кинотека и Музејот на современа уметност.

bau
Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје во соработка со Музејот на современа уметност-Скопје во вторник, 5. ноември во 20:00 часот ќе претстави 50 фотографии на берлинскиот фотограф Жан Молитор. Фотографиите ја прикажуваат архитектурата на Модерната од сите нејзини најразлични аспекти. Жан Молитор патува низ светот веќе десет години, поттикнат од визијата да создаде меѓународна фотоархива на градбите на Модерната.

Screenshot_2
Во проектот „bau1haus“, Молитор има за цел да го документира меѓународното влијание на Баухаус врз развојот на модерната архитектура. Притоа, тој сака да ги прикаже глобалните врски и космополитската размена на модерното градење. Од 2009 година, фотографот Жан Молитор од Берлин патува низ светот во потрага по наследници на Баухаус – во Берлин, Казабланка, Штутгарт или Хавана, Санкт Петербург или Гватемала, Виена или Букаву во Конго. Фотографот лично ќе го претстави својот проект во Скопје.
Во среда, 6. ноември во просториите на МСУ че се одржи и проекција на филмот „Духот на Баухаус“ на Нилс Болбрикер и Томас Тилш, а потоа следи дискусија на тема, значењето на Баухаус во Скопје.
Денес, 4 ноември, Гете Институт Скопје кани на патувачката изложба „bauhaus imaginista“ (баухаус имагиниста) во Кинотека. Изложбата е дел од истоимениот меѓународен проект на Гете Институтот.

Screenshot_1

Испрати коментар

Scroll To Top