Во периодот од 14 – 16 ноември, 2017 година во Скопје, се одржува првата обука на Програмата на UNIDO за изградба на капацитети за Оптимизација на системи за компримиран воздух во индустријата (CASO). Оваа обука е дел од активностите за развој на пазарот на индустриската енергетска ефикасност на проектот “Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии во Република Македонија” имплементиран од страна на UNIDO и заеднички извршуван со Канцеларијата на РЕЦ во Македонија, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за економија, Агенцијата за енергетика и Македонската банка за поддршка на развојот.
Проектот има за цел да ја намали емисијата на стакленички гасови преку забрзување на трансформацијата на македонскиот пазар за енергетска ефикасност во индустријата (IEE) и поттикнување на: зголемената употреба и побарувачка на најдобрите практики и технологии за IEE, понудата на соодветни услуги за консалтинг и инвестиции, како и поддршка на рамковната политика за IEE. Обуката за оптимизација на системи за компримиран воздух во индустријата, ја води Том Таранто, водечки меѓународен UNIDO експерт за CASO.