Насловна / Вести / Во Скопје се реализира трета фаза од проектот за испитување и студија за магистралните водоводни цевководи

Во Скопје се реализира трета фаза од проектот за испитување и студија за магистралните водоводни цевководи

Град Скопје продолжува со трета фаза за реализација на стратешкиот проект од програмата „За модерно Скопје“ за испитување и студија за магистралните водоводни цевководи. Со изработката на стратешката студија, како што информираат, се добива дијагностика и утврдување на состојбата на двата постојни челични водоводни цевководи, со димензија Ф1600, првпат од нивната изградба.

Во третата фаза се анализира состојбата на самите цевки во нивниот надземен и подземен дел во општина Гази Баба, состојбата на објектите што се изградени за правилна експлоатација на цевководот, односно армирано-бетонските шахти со хидромашинска опрема, мостовска конструкција на надземниот дел од цевководот, како и опремата за активна катодна и друга заштита. Со третата фаза од студијата за магистралните водоводни цевководи базирана на темелни испитувања и анализи, која се прави првпат по 60 години, се испитува водоснабдувањето на град Скопје од количини вода што се расположливи од двата каптажни објекта, кое се движи преку двa челични цевковода.

sk

Испитувањата на терен ги вршат експерти и професори од Машинскиот факултет, со цел да се добие прецизна студија за магистралните водоводни цевководи, кои се изградени пред 60 години, а студијата треба да даде информации какви мерки треба да се преземат за да се превенираат несакани појави во иднина и да се имаат сите информации за овие клучни цевководи во Скопје.

Имајќи предвид дека цевководите се челични и градени во постземјотресниот период почнати во 1964 година, по нивната 60-годишна функционалност, со оваа студија би се добила детаљна слика за состојбата и би се оформиле насоки за идни потреби на инвестиции во овој сегмент. Суштината на изработката на стратешката студија е утврдување на состојбата на двата главни магистрални метални цевковода – едниот кој оди по трасата на булеварот Партизански одреди и другиот по булеварите Словенечка и Босна и Херцеговина, велат од Град Скопје.

Испрати коментар

Scroll To Top