Насловна / Вести / Во Скопје потпишана Декларација за климатски промени во периодот по 2020 година

Во Скопје потпишана Декларација за климатски промени во периодот по 2020 година

konferencija vo Skopje pred samitot za klima vo Pariz1

Вложување напор за да се постигне правичен, флексибилен, долготраен и инклузивен правно обврзувачки договор за климата по 2020 година, како и посветување кон климатските промени за коишто се потребни итна соработка и акција на глобално, регионално и национално ниво, се дел од обврските во „Декларацијата од Скопје“, која денеска беше потпишана на министерска конференција: „Кон климатскиот самит во Париз 2015, предизвици за државите членки на ЦЕИ“ во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Домаќинот на конференцијата, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири во своето обраќање истакна дека конференцијата претставува значајна платформа за размена на гледишта  во врска со предизвиците со кои се соочуваме  во напорите за постигнување ниско-јаглероден раст во државите на ЦЕИ.

KOnferencija vo Skopje pred samitot za klima vo Pariz

– Нашата идеја е преку презентирање на т.н. „Соодветни национални придонеси за намалување на климатските промени“ да дојдеме до заеднички заклучоци за начините за постигнување синергии помеѓу климатските, енергетските и другите политики, истакна Изаири.

Министерот потсети дека Владата на седница го усвои, како што рече, Соодветниот национален придонес за намалување на климатските промени.

– Националниот придонес предвидува намалување на емисиите на јаглероден диоксид од согорување фосилни горива за 30 проценти односно за 36 отсто при повисоко ниво на амбиција до 2030 година во однос на референтното сценарио. Емисиите на јаглероден диоксид од согорувањето на фосилните горива покрива речиси 80 проценти од вкупните емисии на стакленички гасови со доминантно учество на секторите снабдување со енергија, згради и транспорт.., истакна Изаири.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими потсети дека Македонија во делот на климатските промени има усвоено низа плански и стратешки документи, а и дека работи и во однос на усогласување на законодавството со тоа на ЕУ.

KOnferencija vo Skopje pred samitot vo Pariz za klima

– Мораме да признаеме дека ова е едно од покомплексните поглавја во кое Македонија, а и земјите од регионот се соочуваат со поставување високи стандарди кои имаат високи ефекти врз социоекономската состојба и во нашата земја, а воедно тоа се инвестиции и проекти што ќе влијаат врз продуктивноста, а и врз конкурентноста на нашата економија, рече Бесими.

Според министерот за надворешни работи Никола Поповски Македонија во Париз ќе може да даде добра основа и добар придонес за договарање на една подолгорочна обврска.

– Овој став е рефлектиран во првиот оперативен параграф на Нацрт-декларацијата што очекуваме да биде усвоена на денешната конференција и која треба да го содржи принципот на еднаквост, заеднички на различни одговорности и земајќи ги предвид и различните способности и капацитети на земјите да го имплементираат овој договор, рече Поповски.

Луиза Винтон, постојан координатор на ОН рече дека за поздравување е и тоа што Македонија презеде обврска во следните 15 години да ги намали емисиите на стакленички гасови за 30 проценти.

Konferencija vo Skopje pred samitot za klima vo Pariz2

– Со нетрпение очекувам да чујам што ќе преземат другите земји и како можеме заеднички да работиме со цел да ја спасиме планетата земја од посредните закани, истакна Винтон.

Според специјалниот советник на Генералниот секретар на ЦЕИ Росо Чичона предизвиците во оваа област се бројни и повеќекратни и треба, како што рече, да се работи на зајакнување на центрите за хидрометеролошки услуги. Посебно, потенцира Чичона, за овој регион каде што предизвиците се значајни.

– Климатските промени се приоритетни за научните проекти предвидени во рамките на ЦЕИ. Меѓу другото, се вклучени и трансфер на технологија и иновации во сите земји членки. Некои од учесниците во Центарот во Трст имаат меѓународно призната компетентност на ова поле и референци во меѓународна соработка. Тие се подготвени да ја понудат сета потребна помош. Со цел да се постигне највисоко ниво на остварување ЦЕИ го воспоставува ова поле за соработка преку Центарот и други истражувачки институции и со Светската метеоролошка организација на ОН. Ние сите работиме кон постигнување на намалување на климатските промени, истакна Чичона.

Испрати коментар

Scroll To Top