На конференцијата организирана од Фондацијата Конрад Аденауер Скопје во соработка со Аналитика, како дел од програмата „Животна средина, енергија и климатски промени“, учествуваа претставници од академската заедница, граѓанскиoт сектор, дипломатскиот кор, Регулаторната комисија за енергетика, ЕВН Македонија.
Македонија да се поврзе со што е можно повеќе снабдувачи на енергија од различни извори за да не биде зависна од еден вид енергија и од еден добавувач. На тој начин значително ќе ја подобри својата енергетска безбедност, е главната препорака од конференцијата „Енергетска безбедност во Западен Балкан – политики и предизвици“ што денеска се одржува во Скопје.
За земјите од Западен Балкан и Европската Унија, пак, се препорача да го диверзифицираат увозот на енергенси и да доаѓа од повеќе извори, како и да се зголемат капацитетите за складирање на нафта и природен гас.