Рускиот град Верхојанск се наоѓа во Сибир, Јакутската Република, блиску до поларниот круг на 675 километари од Јакутск. Градот е познат по тоа што има најекстремни температур на свет. На 21. јуни забележал рекордни 38 степени, соопштила руската метеоролошка служба.
Верхојанск со околу 1.300 жители го држи Гинисовиот светски рекорд, како град со најголеми разлики во температурата, кои се движат и до 105 степени.
Најниската забележена температура е минус 68 степени, а досега највисоката 37,2, пренесува АП.
Поголемиот дел на Сибир оваа година имал невообичаено високи температури, кои некаде предизвикале пожари.