Сибир бележи температури пониски и од – 60 степени Целзиусови.
Минатата недела температурата на воздухот во селото Жилинда во Јакутија падна на минус 61 Целзиусов степен, објавено е на веб-страницата на Одделението за хидрометеорологија во руската република на исток на Сибир.
На социјалните мрежи може да се најдат податоци и за тоа дека во некои делови на Јакутија се измерени и -64 степени.
Според метеоролозите, температурата во девет области на Јакутија е минус 45 степени, па и пониска, пренесува РИА Новости.
Во главниот град – Јакутск е минус 42 степени.