Насловна / Вести / Во Шведска прават автопат на „струја“?!

Во Шведска прават автопат на „струја“?!

Со цел намалување на користењето на фосилните горива во патниот товарен сообраќај, шведските власти планираат автопатите во таа земја да ги опремат со електрична мрежа од која камионите ќе се напојуваат со електрична енергија потребна за движење.Electric road hybrid truck

Австралијците уште одамна го патентирале изразот „друмски воз“, со кој ги опишуваат шлеперите што со себе влечат неколку приколки. Во Шведска, интерпретацијата „друмски воз“ означува камион кој се движи со помош на електрична мрежа, слично како возовите. Оваа скандинавска земја неодамна го покрена проектот „електричен автопат“ инспириран од електричните локомотиви и тролејбуси.

Првата експериментална делница со должина од 2 km, oпремена со електрична мрежа, отворена е на крајот на месецов во близина на градот Gävle во централниот дел на државата, во соработка со шведската влада и приватниот сектор. Во изградбата е користена технологија која ја развил Siemens, додека Scania има обезбедено тест возила, камиони G 360 4×2 со хибриден погон.svedska avtopat

Системот е замислен така што камионот се движи на електрична енергија по оние делници на автопатот каде има електрична мрежа, додека на останатите сообраќајници се движат како класични хибриди – со помош на конвенционален мотор со внатрешно согорување, електромотор и погонски батерии.

Сите тешки камиони го задоволуваат стандардот Euro6 и користат биогориво кога не се возат на струја. Во компанијата Scania велат дека ова е еден многу важен чекор во постигнувањето на долгорочната цел, а тоа е исфрлање на патниот сообраќај базиран на фосилни горива.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top