Челикот е клучен материјал за правење на столбови на ветерните турбини, но шведскиот стартап Modvion, изработи столб од дрво висок 105 метри. Дрвениот стопб за ветерна турбина направен е од 144 слоја висококвалитетен ламелиран фурнир. Во својата фабрика во близината на Гетеборг, Modvion ги прави закривените елементи на столбовите од лепени и компресирани словени нa дрво. За изработка на дрвениот столб користена е смрека. Секој слој има дебелина од по 3 mm. Притоа, столбот е составен од неколку модули со што значително се олеснува транспортот до локацијата.
Зголемувањето на височината на стандардните турбини е предизвик за транспорт до локацијата. Пречниците на некои од челичните столбови се поголеми од дозволените во сообраќајот за поголем дел од земјите во ЕУ и во САД. Затоа, поедноставно решение се дрвените модули кои се монтираат на лице место. Modvion има за цел во наредните 10 години да инсталира околу 2.000 дрвени столбови на ветерни турбини.