Насловна / Архитектура / Во Саудиска Арабија се гради одморалиште од префабрикувани футуристички вили

Во Саудиска Арабија се гради одморалиште од префабрикувани футуристички вили

Саудискиот инвеститор Red Sea Global неодамна објави снимки кои го прикажуваат напредокот на изградбата на луксузно одморалиште на Црвеното Море, каде што може да се види формирање на вили над водата, како и оние во внатрешноста на островот Шејбара, а кое е проектирано од борото Killa Design.

2

Како дел од развојот наречен The Red Sea Project, кој вклучува изградба на 16 луксузни и хиперлуксузни хотели, марина и меѓународен аеродром, вилите над површината на водата го надополнуваат хоризонтот со своите рефлектирачки фасади, додека структурите на копно црпат инспирација од песочните дини.

1

Веќе се поставени 26 вили

„Сега сме на врвот на изградбата, веќе поставивме 26 вили. Да се ​​види проект како Шејбара овде во Саудиска Арабија е нешто со што треба да се гордееме. Исклучително сум возбуден што гледам дека проектот се реализира“, изјави за DesignBoom Ахмед Алредни, виш експерт за проекти во Red Sea Global.

3

Од тимот на оваа саудиска компанија проектот на островот Шејбара го опишуваат како „нешто што никогаш досега не е изградено“. На проектот ја ангажирале компанијата Killa Design од Дубаи, предводена од архитектот Shaun Killa, за да развијат единици за сместување за предел што го сметаат за еден од нивните најамбициозни острови.

4

Вилите се обликувани како футуристички челични сфери кои изгледаат како да лебдат над површината на водата, рефлектирајќи ги морето, небото и гребенот под нив.

Дизајнот е инспириран од природното опкружување на островот, особено од коралите, што довело до кружната форма на вилите. Овој кружен мотив служи како симбол на единство, интеграција и целовитост.

6

Обмислено обликување за чувство на приватност

Од друга страна, вилите кои се сместени во внатрешноста на островот се проектирани да наликуваат на широки пустински песочни дини, обмислено обликувани на начин што на гостите им даваат чувство на приватност.

„Овие вили се одличен пример за тоа како Red Sea Global ја подобрува и чува животната средина“, вели во видеото Ахмад Исмаил, извршен директор на Red Sea Global.

Исмаил објасни како сферичните структури се произведени надвор од локацијата во Обединетите Арапски Емирати, и од фабриката се транспортирани преку носач по море, а потоа внимателно истоварени на монтажна плоча.

5

Како што додаваат од тимот, ваков пристап обезбедува вилите да се инсталираат без да предизвикаат никакви нарушувања во околината и да влијаат на деликатната природа на оваа средина.

Со оглед на тоа дека тежината на секоја единица е 120 тони, секој чекор бара големо внимание и прецизност за да се осигура безбедност и на структурата и на околината.

 

Испрати коментар

Scroll To Top