Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Во Сараево потпишан договор за „Зелен економски развој“

Во Сараево потпишан договор за „Зелен економски развој“

PROJEKT UNDP-a I EVROPSKE UNIJE U ЉEST OPЖINA POGOРENIH POPLAVAMA
Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) и Фондот за заштита на животната средина на Босна и Херцеговина, во Сараево во зградата на ОН, потпишаа договор за кофинансирање на проектот „Зелен економски развој- Green Economic Development (GED)”. Инвестицијата за овој проект изнесува околу два милиони евра.

Договорот се базира на понатамошен развој на активности од областа на енергетската ефикасност, рационализација во управувањето со енергијата, намалување на емисијата на јаглерод диоксид, како и воведување на EMIS, информациски систем за управување со енергијата во јавните објекти.

Информацискиот систем за следење на потрошувачката, EMIS, веќе се користи во над 550 јавни објекти во БиХ, а со потпишувањето на овој договор ќе се овозможи воведување на овој систем во дополнителни 550 објекти, како и спроведување на детален енергетски аудит во 30 објекти.

Испрати коментар

Scroll To Top