Новата зграда на Al Jazeerа Balkans би требало да се изгради во населбата Шип во Сараево до крајот на 2021 година. Проектот за објектот го изработил архитект Сеад Голош. Координаторот на проектот Един Смајиќ вели дека зградата ќе се простира на површина од 6.880 квадратни метри, распоредени на приземје и четири ката и две подземни нивоа каде ќе има паркинг за 113 возила.
Покрај деловниот дел, предвиден е и станбен дел со апартмани. Од Al Jazeerа Balkans порачуваат дека ја кројат зградата според своите потреби, па така ќе има едно големо и две помали стдија, а големото ќе биде дупло поголемо од сегашното.
Оваа мултимедијална куќа ќе се вклопи во идниот изглед на IT паркот кој се гради во сараевската населба Шип, а од AJB најавуваат и големи вложувања во техничкиот сектор.