Насловна / Арт и дизајн / Во САД срушени или вандализирани споменици додека се протестира поради смртта на Флојд

Во САД срушени или вандализирани споменици додека се протестира поради смртта на Флојд

Споменици и јавни скулптури во делови на САД се уништуваат за време на протестите и нередите по убиството на Џорџ Флојд, извршено од бел полицаец на 25. мај во Минеаполис, Минесота.

America Protests Alabama, Birmingham, United States - 02 Jun 2020

Минатата недела протестантите го срушија споменикот на индустријалецот од времето на граѓанската војна и капетанот на Конфедерацијата на морнарицата Чарлс Лин во паркот именуван по него во Бирмингем, Алабама. Пред три дена во истиот парк отстранет е и последниот споменик на војниците на Конфедерацијата на морнарицата, откако обелискот е демонтиран, бидејќи демонстрациите против расизмот и полициското насилство продолжуваат. Тоа што е останато е само бетонска подлога испишана со графити со зборовите „Black Lives Matter“, пишува Аrt newspaper. И додека вандализирањето на делата, претежно насочено кон спомениците кои ги слават колонизацијата и расната нееднаквост, шири пофалби на социјалните мрежи, некои уметници и државни официјални лица го осудуваат омаловажувањето на јавните дела, велејќи дека вандализмот не им помага на демонстрантите, дури како таков истакнува долго наследство на насилство под покровителство на државата.

ала_resize

Статуа на генералот Robert E. Lee

Спомениците во паркот Лин во Алабама не се единствени споменици на Конфедерацијата кои „паднаа“.Статуа на генералот Roberta E. Lee е срушена од пиедесталот пред истоименото средно училиште во Монтгомери, Алабама во понеделникот.

лин_resize

Чарлс Лин во паркот во Бирмингем

Споменикот во Тенеси на Edward Carmack, контраверзен поранешен застапник и издавач на весници, кој заговарал расистички ставови исто така е срушен во понеделникот. Споменикот на Roberta E. Lee на Monument Avenueu во Ричмонд, Вирџинија за време на изминатиот викенд прекриен е со графити, како и споменикот на Stonewall Jackson. Во Чарлстон, Јужна Каролина статуата на Конфедерацијата на бранителите беше осликана со спреј.

5_resize

Robert E. Lee на Monument Avenueu во Ричмонд

4_resize

 Lincoln Memorial on the National Mall in Washington

Во меѓувреме во Вашингтон цел на напади на демонстрантите се разни споменици во Националниот трговски центар. Тоа го вклучува и големиот Меморијал и фонтана посветени на Втората светска војна на која се испишани графити со зборовите „Се бројат ли црните ветерани“? Службата на националниот парк која на социјалните мрежи ги објави фотографиите од вандализмот, вели. „Трговскиот центар со генерации е главно собиралиште на граѓаните за ненасилни демонстрации и бараме поединци да продолжат со традицијата“.

3_resize

Вандализацијата на спомениците зборува за систематската нееднаквост и привилегираност на белиот човект, која останува всадена во САД и нивната историја, пишува Аrt newspaper.

Зачудувачки, овој викенд во Солт Лејк Сити демонстрантите фрлија црвена боја на бронзената скулптура од уметникот Gregory Ragland, наречена „Служи и заштити“ (2013), која е поставена во центарот,  покрај  зградата за јавна безбедност. Уметникот го опишува делото кое прикажува две раце со дланките свртени нагоре, демонстрирајќи го знаковниот јазик „да се служи“, како почит на полицијата и другите јавни службеници и вели дека тоа претставува „идеологија на она што нашата земја прво го очекува од одговорните “.

2_resize

„Служи и заштити“

Во изјава за The Art Newspaper, Ragland вели дека „откажување од идеалите не му помага на јакнење на сонот или работењето позветено на таа цел“ и бил збунет поради мотивите за вандализам. „Дали беше ли потребно да се даде изјава против оваа скулптура? Дали беше тоа општ напад на уметноста или станува збор за анонимен поединец и непочитување на сите први одговорни личности?“, прашува, додавајќи дека вандализмот на сите јавни уметности е дел од тоа да се биде јавен уметник. И додава: „Некого кого познавав сметаше дека тоа е совршена соработка на друг уметник кој делува на моето дело. Не се согласувам. Соработката е обострана, а ова беше себично делување на вандализам. Сематм дека е исто како да се остават отклучени галериите или музеите и да се направи истата работа над делата кои се тамо. Јасно е дака уметноста е нападната во целина и секогаш е отворена за критика, но да не заборавиме за што станува збор – човекот со име Џорџ Флојд беше неправедно убиен“.

Испрати коментар

Scroll To Top