Кон крајот на минатата недела, „GreenTech Media“ соопшти дека во САД на крајот на февруари е поставена милионитата соларна инсталација.За да се постигне оваа импресивна бројка, биле потребни 40 години, а се очекува дека во наредните две години ќе биде достигнат и вториот милион.
Се планира до крајот на деценијата соларната енергија во САД да биде уште поекономична и во целост конкурентна со традиционалните облици на енергија. Во наредните недели, ширум САД ќе бидат одржани настани посветени на прославување на милионитата соларна инсталација во оваа земја.