Насловна / Вести / Во сабота првата премиера во новата зграда на Велешкиот театар

Во сабота првата премиера во новата зграда на Велешкиот театар

teatar

Првата премиера во новата зграда на Театарот во Велес ќе се одржи во сабота на 20 декември, кога ќе биде изведена комедијата „Најважната работа на светот“ по текст на Братислав Димитров, а во режија на Љубиша Георгиевски. Театарскиот ансамбл на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ќе ја изведе претставата и во следните два дена.
Во претставата настапува комплетниот ансамбл на велешкиот театар, а како гости се појавуваат актерите: Зоран Љутков, Ирена Ристиќ и Благоја Чоревски.
Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите на Мери Георгиевска, а изборот на музиката на Гаврило Миловановиќ.
Покрај премиерата закажана за в сабота, претставата ќе се игра вo недела и вo понеделник од 20 часот.
По неколкуте изведби планирани за новата претстава, на сцената ќе биде поставен и досегашниот репертоар а ќе бидат обновени и постари претстави за кои постои интерес кај публиката.
Текстот за претставата, кој го напиша Братислав Димитров, беше избран на јавен оглас.

За изградба на театарската зграда, од идејно решение до пуштање на објектот се чекаше повеќе од 18 години.
Новата зграда на Театарот е лоцирана во младинскиот парк, во близина на Гинмазијата, на атрактивна локација во Велес, на главната улица.

Испрати коментар

Scroll To Top