Насловна / Архитектура / Во руската Силиконска долина објект на Zaha Hadid Architects

Во руската Силиконска долина објект на Zaha Hadid Architects

Врз основа на проектот кој го потпишува реномираното архитектонско биро Zaha Hadid Architects, добиена е дозвола за градба за изградба на „Сбербанк“, Технопарк во склоп на московскиот центар за иновации Сколково, кој се простира на 400 хектари и важи за руска верзија на Силиконската долина.

5

Новиот објект ќе има футуристички изглед, кој е препознатлив и карактеристичен за проектите кои излегуваат од бирото кое продолжи по стапките на славната ирачка архитектица.

1
Технопаркот “Сбербанк” е нарачан од истоимената државна компанија за банкарски и финансиски услуги со седиште во Москва . Над 70 проценти од населението во Русија се потпира на услугите на „Сбербанк“. Дизајниран со драматични конзолни фасади, Сбербанк Технопарк ќе се протега на околу 26.000 квадратни метри и ќе биде центар на банката за ИТ иновации.

6

“Вработените се луѓе кои ќе бидат одговорни за целата суштина на банката – нејзината техничка содржина, мозокот”, вели претседателот на „Сбербанк“, Герман Греф.

2
Со цел за што подобра функционалност на објектот, проектот предвидува големи јавни простори и атриуми во кои продира природно осветлување.

3
„Непоходноста од поврзување на иновативност и колаборација со работниот простор е од фундаментално значење за работењето на „Сбербанк“. Дизајнот на технопаркот е насочен кон конфигурацијата на работниот простор, усвојувајќи холистички пристап при креирањето на меѓусебно поврзаниот, мултифункционален работен простор, еколошки воден според побарувањата на банката за подбрување на комуникацијата и интераксијата која промовира креативност и продуктивност“, изјави Christos Passas од Zaha Hadid Architects.

Испрати коментар

Scroll To Top