Во неколку градови во рударски регион во Сибир, падна црн токсичен снег. Ваквите ужасни временски прилики се резултат на емисијата на јагленова прашина од огромните јагленови површински копови, како и на слабото одржување на постројките, односно дефектите во системите за зафаќање на честичките од јагленова прашина. Со последиците од оваа состојба соочени се вкупно 2,6 милиони луѓе кои живеат и работат во областа. Просечниот животен век на населението во оваа област е за 3 до 4 години понизок од просекот во остатокот од Русија. Регионот е домаќин на еден од најголемите јагленови наоѓалишта во светот.
Велика Британија е најголемиот увозник на јаглен од Русија. Половина од потрошувачката ан јаглен во Британија доаѓа од Русија, односно 90% од овој регион. Здруженијата за заштита на животната средина во Британија повикаа на бојкот на рускиот јаглен, се додека не се воспостават стандарди за заштита на животната средина. Јагленовата прашина која е постојано во воздухот на Сибирскиот регион, но црните снегови ја направија видлива, содржи опасни тешки метали меѓу кои арсен и жива.