Најголемиот соларен парк во Романија, и во југоисточна Европа, кој се простира на околу 170 хектари, отворен е во местото Ратештиј, во јужниот округ Аргеш. Според студиите кои се работени, Романија проценува дека до 2030 година ќе има околу 45.000 вработени во соларната индустрија. Поинтензивниот развој на овој сектор ќе придонесе за достигнување на климатските цели на змејата до 2030 година.
Изградбата на овој соларен парк започнала во 2022 година и завршена е после 18 месеци. Инвестицијата вреди околу 100 милиони евра, а вкупната инсталирана можност која е обезбедена преку 135.000 панели изнесува 155MW.