Во римската Скудерија Квиринале на почетокот на март отворена е голема, исклучителна изложба посветена на одбележувањето на 500 години од смртта на Рафаело (Raffaello Sanzio 1483–1520), еден од најголемите италијански ренесансни мајстори, но поради строгите мерки на карантин, поради пандемијата на вирусот корона за публиката беше достапна само неколку дена.
Сега, кога Италија постепено се отвара и кога и културните институции почнуваат да примаат посетители, оваа поставка имаше свое второ отварање во вторникот вечер, токму на денот, како што првобитно било замислено, требала да трае изложбата. Одлучено е изложбата да биде достапна за сите љубители на уметноста до крајот на август, јавува порталот „Артнет њуз”.
Ако се потсетиме дека уште пред крајот на март за посета на оваа изложба однапред биле купени 70 илјади карти, јасно е дека интересирањето е огромно, бидејќи станува збор за еден од најголемите изложувачки потфати поврзани со творештвото на Рафаело. На едно место во градот каде познатиот сликар поминал поголем дел од својата кариера, овој пат се собрани бисери. Неговите дела дојдени се од фирентинската Галерија Уфици (суорганизатор), римскиот Ватикански музеј, парискиот Лувр, лондонската Национална галерије, виенската Албертина, мадридскиот Прадо и многиу други институции, Вкупно 120 дела од 52 институции – станува збор за прилика, како што нагласуваат медиумите, која се пружа еднаш во животот. Како што велат од галеријата домаќин за „Арт њузпејпер”, сите кои ги замолиле да се согласат за продолжување на рокот на позајмицата на вредните дела кои ги поседуваат, со задоволство и без двоумење се согласиле.
„Солидарноста беше исклучителна. Се чувствува ново заедништво во музејскиот свет, изгледа дека сите сфаќаат дека од оваа криза можеме да излеземе само ако весламе во ист правец и се надевам дека тоа заедништво ќе трае и во иднина ”, изјавил Матео Лафранкони, директор на Скудерија Квиринале.
За да се посвети внимание на безбедноста на посетителите, проценките се дека ќе можат да влезат само петина од очекуваните посетители, картите ќе можат однапред да се букираат онлајн. Во изложбениот простор ќе може во интервал од по пет минути, да влегуваат групи од по шест особи и тоа следени од чувари, при што секоја група ќе има можност за посета на изложбата во траење од 80 минути.