Реката Сена има должина од 777 километри. Уште од Олимписките игри во 1900 година, реката била место на одржување на спортски натпревари, но веќе од 1923 година капењето било забрането. Цел еден век. После инвестирани сериозни средства (околу 1,5 милијарда долари) како и повеќемесечни дебати за тоа дали Сена ќе биде со бараниот квалитет за одржување на натпреварите во триатлон на Олимписките игри, сепак натпреварите се одобрени. Се разбира дождот создаде дополнителни проблеми, но организаторите навистина вложиле максимални напори да го задржат квалитетот на водата. Конечно, на 31-ви јули, триатлонците и во машка и во женска конкуренција запливаа во Сена.