Насловна / Вести / Во регионот, енергетската сиромаштија е највисока во Косово, а најниска во Црна Гора

Во регионот, енергетската сиромаштија е највисока во Косово, а најниска во Црна Гора

Напорите за решавање на проблемите на енергетски загрозените потрошувачи кои на адекватен начин не можат да ги задоволат основните потреби за енергија, се дел од иницијативата за праведна транзиција на Енергетската заедница. Целта на иницијативата е енергетската транзиција да биде социјално праведна за сите оние кои се погодени, меѓу кои првенствено работниците и жителите на регионите со јаглен, но секако и сите граѓани кои не можат да ги платат сметките за енергијата која ја трошат.

energy poverty1

 

Како што се истакнува во најновата Студија на Секретаријатот на Енергетската заедница, поради недостаток на точни податоци или можност истите да се проверат, прецизната проценка на бројот на енергетски сиромашни домаќинства била можна само во четири држави членки: Црна Гора (8-15%), Србија (7-22%), Украина (13-18%) и делумно во Грузија (до 24,6%). За Албанија, косово и Македонија студијата дава само приближни проценки, а за Босна и Херцеговина ниту тоа не било можно. Студијата покажува дека до 37% од домаќинствата во Албанија се енергетски сиромашни, до 40% во косово, и до 33% во Македонија.

energy poverty2

Студијата ги евидентира и двата најважни проблеми во регулаторните рамки на членките на Енергетската заедница. Имено, дефиницијата на загрозен потрошувач не обезбедува поддршка за сите домаќинства кои се енергетски сиромашни. Членките ги дефинираат овие потрошувачи главно во однос на нивниот социјален статус и здравствен статус, оставајќи ги на страна енергетската ефикасност, полот, енергетските потреби и сл.

energy poverty3

 

Уште еден главен недостаток кој се нотира е видот на мерките кои се спроведуваат со цел да им се помогне на енергетски сиромашните потрошувачи. Договорните страни спроведуваат само мерки кои подразбираат зголемување на приходите со цел заштита на овие домаќинства. Но, таквите мерки само привремено го намалуваат товарот од енергетската сиромаштија, без да се делува на главните причини за таа состојба. Студијата ги препорачува следните мерки: енергетска реконструкција на објектите, замена на апаратите во домаќинството, подобрување на системите за греење и користење на обновливи извори на енергија.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top