Насловна / Архитектура / Во пустината на Аризона, куќа оаза

Во пустината на Аризона, куќа оаза

Овој дом проектиран од архитектонското биро A-I-R Architects во пустината на Аризона се наоѓа во Paradise Valley, богат град во близина на Феникс. Куќата наречена Ghost Wash House се простира на површина од 790 метри квадратни. Ѕидовите од тула го дефинираат овој дом обезбедувајќи на своите станари различни внатрешни и надворешни простори за живеење меѓу пустинскиот пејзаж.

12
Концептуално, архитектите го претставија домот како Ghost Wash House – вид на биом што се појавува во Аризонската сурова клима и е домаќин на растителниот и животинскиот свет, поради неговите својства за задржување на водата.
Два волумена од тули паралелно се движат од север кон југ по должината на локацијата. Пократкиот волумен, на исток, содржи сервисни простории како што се гаражата и кујната на приземје и канцеларија на катот. Овој волумен служи како главен влез во живеалиштето.
Наспроти него, на запад, сместен е низ од приватни простории, спалните соби и просториите за дневен боравок до кои се пристапува преку ходник од тули. Долгиот редослед на приватни простори ги вклучува спалните соби и живеалиштата на домот.

14
Овие два волумена поврзани се со главната дневна соба и трпезаријата, кои се заштитена со голем покрив.
Геометрискиот, конзолен кров, содржи систем за задржување на дождовница, како и фотоволтаични панели кои го напојуваат домот.

2
“Сенката, моќта и водата и симболично го негуваат животот на куќата”, вели архитектот. “На сличен начин како што пустината обезбедува живеалиште и екосистем кој го олеснува пустинскиот живот, Ghost Wash ги заштитува, поврзува и олеснува внатрешниот и надворешниот живот на домот”.

1
Простран пристап во дворот обезбеден е и од заеничките простотии и од спалните соби. Ѕидовите од тули ја опкружуваат низата од дворови и засенчени површини, а преку скали со благ пад се стигнува до базенот.

13

3

5

6

7

10

8

11

15

Испрати коментар

Scroll To Top