Група граѓани од населба Пржино и жителите од слепата уличка на улица „Пржино“, покренаа петиција/жалба до Министерството за транспорт и врски за да укажат дека нема нивна согласност за градба во овој дел.
Симбилична погребна поворка, мртовечки ковчези на кои беше напишано вода, мир, здравје, сонце и воздух се појави вчера на една од уличките на скопската населба Пржино во знак на револт на група граѓани против недозволенте градби во овој дел од градот.
Ваквиот потег на жителите од Пржино, како што велат, доаѓа откако одобренијата за градба на фирмата „Топ Метал“ во август беа укинати од градоначалникот на Општина Кисела Вода, а фирмата сега поднела жалба до општината, која ќе оди во комисија во Министерството.
Тие бараат Министерството целосно да го потврди поништувањето на сите одобренија за спорната градба и да ја отфрли жалбата на градежникот како неоснована.
Пред две години на улицата „Пржино“ при изградба на спорен објект се урна потпорен ѕид. Тогаш 16 семејства потпишаа петиција до Министерството за транспорт и врски за да укажат дека нема нивна согласност за градба во овој дел.
И покрај нивното несогласување, засега нема никаков одговор од надлежните, а тоа може да значи дека градбата може да продолжи секој момент.