Вчера во Прилеп се оддржа шестата по ред донаторска конференција посветена на изградбата на камбанаријата на новоизградената црква Св. Петка во населбата Точила.
На овој донаторски собир Локалната самоуправа донираше близу 40.000 евра, а градоначалникот Марјан Ристески од името на своето семејство 30.000 денари. Сопственикот на хотелот „Сонце-ГА“ Џорџ Атанасоски, изградбата ја потпомогна со 100.000 денари. Фирмата за мермер „Крин КГ“ со 300.000 денари, а најголемата прилепска текстилна фабрика „Comfy Angel“ од името на вработените донираше 15.000 денари. Многу други прилепски фирми за изградбата донираа градежни материјали и ја ставија на располагање градежната механизација со која располагаат.
За изградбата на камбанаријата, според пресметките на надлежните се потребни 1.500 000 денари.
Изградбата на камбанаријата и партерното уредување се очекува да бидат завршени до храмовиот празник годинава, кога се планира и големото осветување.