Прилеп до година ќе добие фабрика за секундарна преработка на отпадот, информираше денеска директорот на јавното комунално претпријатие „Комуналец“. Линијата за секундарна преработка на отпадот вредна 14 милиони денари пристигна.
Линијата е сместена на терминалот. Ги помина царинските формалности. Во текот на 2014 година комплетно ќе ги завршиме изградбата на халата и монтажата на линијата кај сегашната депонија кај селото Алинци. Треба во септември да почне да работи. Ќе обезбеди сиот отпад, 90 тони дневно, да се селектира на таа линија, вели Златко Ристески директор на ЈКП „Комуналец“.
Прилепски „Комуналец“ прв во Македонија ја воведе примарната селекција на отпадот од домовите, подели и жолти и зелени канти за селекција на отпадот во домаќинствата. Сега е фазата на инвестирање во секундарната преработка.