Насловна / Вести / Во пресрет на самитот во Париз – некои земји против новиот договор за климата

Во пресрет на самитот во Париз – некои земји против новиот договор за климата

Samit za klima vo Pariz

На состанокот на земјите од Г20, две недели во очи парискиот самит за климата, Индија и Саудиска Арабија на преговорите во Турција, кои траеле подолго од 20 часа, ги блокирале напорите околу воспоставувањето на нов глобален обврзувачки договор за климата. Овие земји го одбиле воведувањето на механизам за надзор над спроведувањето на акции во насока на ограничување на глобалното затоплување на два степени Целзиусови во споредба со прединдустрискиот период.

Европската Унија и другите земји барале процес на надзор над потпишаните обврски на секои пет години, како и корекции на целите ако се покаже дека земјата не ги исполнува со соодветна динамика. Со Договорот во Париз, сите земји во светот, скоро 200 на број, би се обврзале да ги намалуваат емисиите на јаглерод диоксид од 2020 година па во наредниот период, но некои земји во Анталија искажаа став дека не треба прагот да биде два степени Целзиусови туку 1,5, што е прениско за ублажување на климатските промени. Доколку и други развиени економии го следат овој став, тогаш малку е веројатно дека самитот на ОН ќе биде успешен. Научниците  тврдат дека за акција за климата часот веќе одамна е 12 и 5.

 

Испрати коментар

Scroll To Top