Најновите извештаи кои Обединетите Нации ги објавија во август, покажа дека светот се загрева побрзо од проекциите на научниците, и дека намалувањето на емисиите на стакленички гасови најмалку за половина до крајот на оваа деценија, клучно за спречување на катастрофална климатска криза. Но, постојат знаци кои влеваат надеж. Покрај Covid 19, „климата“ е најкористениот збор на Генералното Собрание на ОН во Њујорк, а САД и КИна најавија дека ќе превземат нови обврски за соочување со оваа криза, и дека ќе соработуваат во оваа борба. COP е конференција на договорните страни на Конвенцијата на ОН за климатските промени, која се одржува секоја година, иако минатата година беше одложена поради пандемијата. Светските лидери, министри и други официјални лица расправаат за климатските прашања. Конференцијата во Глазгов е 26-тиот состанок на групата кој ќе се одржи во периодот од 1-ви до 12-ти ноември 2021.