На 26 април се одбележува 30-годишнина од најлошата нуклеарна катастрофа во Чернобил, Украина. По експлозијата на радиоактивен материјал сè уште е актуелно загадувањето на природата и живиот свет во тој регион, но и пошироко. Една од земјите што беше загадена од радиоактивни материјали беше Норвешка. Тие радиоактивни материјали ја загадуваат почвата, водата, дивиот свет, растенијата.
Новинарот Ејмос Чепл патувал до норвешкото село Снаса каде се запознал со традиционални одгледувачи на ирваси, луѓе кои се борат да ја зачуваат нивната традиција. Ирвасите што ги одгледуваат се хранат со радиоактивна храна од загадената почва. И самите животни се многу радиоактивни, пишува Tech Insider. Во 1986 година тим научници откри дека нивоата на радијација кај ирвасите ги прави неподобни за исхрана кај луѓето.
Затоа народот Сами престана да ги користи ирвасите за исхрана и ги врати назад во дивината. Но, и триесет години по нуклеарната катастрофа ирвасите сè уште се радиоактивни.