Насловна / Архитектура / Во Прага e најголемиот стадион на светот за кој речиси никој не знае

Во Прага e најголемиот стадион на светот за кој речиси никој не знае

Во време кога стадионите во светот се празни и едвај чекаме да се наполнат, добро е да се потсетиме на спортскиот објект за кој многумина веројатно никогаш и не слушнале.

Станува збор за најголемиот стадион на светот. Во Чешка, во делот на Прага кој се вика Страхов, постои истоимен стадион, Голем Страхов (Velký strahovský stadion), кој има капацитет од 220.000 посетители (иако често се споменува и бројка од 250.000)!

str9

Стадионот има 56.000 места за седење, а вкупно на трибините можело да собере 220.000 луѓе. На јавноста не и е многу познат, бидејќи станува збор за стадион кој не се користи за фудбал.

str1

Изградбата започнала по проект на архитектот Алојз Држјак во 1926. година и бил наменет за Соколските игри. Овие игри потекнуваат од чешката буржоазија и како општествено движење се појавуваат во 19. век во желба да се одвојат од Австриското царство и спротистават на германизацијата.  Соколски гимнастички систем настал во Чешка 1862. година. Основач на овој гимнастички систем е др Мирослав Тирш. Соколски гимнастички систем имал за цел кај младите, преку гимнастички телесни вежби да ги развие нивните најдобри особини. Системот го сочинувале неговата организација, идеологија, соколска воспитна методологија, стручен кадар, соколска просвета и соколски стручен печат. Движењето се проширило и на останатите словенски теритотии, западноевропски земји и САД.

str6

Па така стадионот Голем Страхов никогаш не бил наменет за фудбал, туку за соколски активности, поточно за Осмите соколски игри, кои во тоа време биле многу популарни во Европа. Просторот е толку голем, што на него има место за дури девет фудбалски игралишта, големината на теренот е 310,5/202,5 метри. На поменатите игри учествувале 14.400 изведувачи, а на трибините имало 160.000 гледачи.

str3

Во тек на триесетите години од минатиот век, комплексот добил дополнителни стадиони, трибините се проширени, а изградени се и пратечки објекти. На Страхов во 1938. година одржан е голем антифашистички собир, а по Втората светска војна во 1948. година, голем антикомунистички собир. Источната трибина е реконструирана во 1961. година и на стадинот се работело се до 1980. година. Во времето на ЧССР, се одржувале „Спартакијади“, односно слетови кои се организирале на секои пет години. Во 1960. година одржана е „Спартакијада“ со 750.000 луѓе, а на трибините имало два милиони посетители, се разбира не сите во исто време.

str4

Со падот на комунизмот, Голем Страхов станал идеален простор за големи концерти, па така новата ера во 1990. година ја најавиле Rolling Stones, пред повеќе од 100.000 гледачи, а Aerosmith во 1994. година одржале концерт пред 150.000 гледачи.

Сепак во тек на 90-тите години стадионот почнал да пропаѓа, бидејќи веќе немало потреба од таков објект. На почетокот на 21. век имало планови да се сруши целиот објект, но од тоа се откажале, па грижата за него ја превзел спортскиот клуб Спарта, кој користи дури осум терена за тренинг.

str8

Стадионот од 2003 година е на списокот на културно наследство на УНЕСКО и за него се грижи градот Прага.

Иако во денешно врме вака голем и нефункционален објект на добра локација во Прага, не може често да се користи и понатаму е најголем стадион на светот и втор по големина спортски објект на планетата (според капацитетот), по Indianapolis Motor Speedway во Индијанаполис.

str7

str2

Испрати коментар

Scroll To Top