Насловна / Вести / Во Помпеја наскоро ќе биде отворен за јавноста киоск за брза храна и пијалоци стар 2.000 години

Во Помпеја наскоро ќе биде отворен за јавноста киоск за брза храна и пијалоци стар 2.000 години

Киоскот за брза храна и пијалоци стар 2.000 години, кој археолозите минатата година го откриле на улиците на древниот град Помпеја, конечно ќе биде отворен за јавноста ова лето. Отворањето е закажано за 12-ти август. Киоскот и околината се откриени на локалитетот Regio V од археолошкиот парк. Некогаш на своите купувачи им нудел кулинарски специјалитети вклучувајќи свинско, риба, полжави и говедско. На тоа место се пронајдени и прибор за готвење, бронзени садови за пиење, керамички садови и шишиња за вино. Киоскот, украсен со фрески со јаки бои, е прв од вкупно 80-те кои се пронајдени и кој е во најдобра состојба.

fastfood1

fastfood2

Помпеја е прекриена со пепел при ерупцијата на Везув во 79-та година п.н.е., убивајќи помеѓу 2000 и 15000 луѓе. Рушевините нa овој град се откриени во 16-тиот век, а досега археолозите ископале околу две третини од локалитетот.

fastfood3

fastfood4

 

Испрати коментар

Scroll To Top