Француската енергетска компанија EdF ја пушти во работа ветерната централа Ensemble Eolien Catalan која има инсталиран капацитет од 96 MW и е една од најголемите ветерни централи во Франција.
Сместена е на југоистокот на земјата, а нејзината посебност е во тоа што има т.н “stealth” технологија, односно има радарски невидливи турбини.
Имено, ветерните турбини се конструирани и дизајнирани така што овозможуваат работа без пречки на радарските системи во блиското подрачје. Централата ќе произведува електрична енергија за покривање на потребите на 120.000 француски домаќинства.