Насловна / Вести / Во подготовка тендер за изградба на колектор и пречистителна станица во Кочани

Во подготовка тендер за изградба на колектор и пречистителна станица во Кочани

kocani stanica za cistenje

Во Општина Кочани се одржа преттендерска средба со заинтересираните компании што сакаат да се пријават на тендерот за избор на консултант на проектот Изградба на колектор и пречистителна станица за отпадни води во Кочани, вклучително и зајакнување на капацитетите на КЈП „Водовод“.

Претставници на три швајцарски консултантски компании, претставувани од нивните локални партнери се запознаа со проектот, партнерите и условите на терен.

Консултантот за овој проект треба да се избере до крајот на јуни оваа година, а изградбата на колекторот и прочистителната станица се планира за средината на online casino 2016 година. Со пречистителната станица ќе бидат опфатени отпадните води од градот Кочани и од околните села, со капацитет од 58 илјади еквивалент жители.

Преку овој проект, Швајцарската влада ја реализира најголемата донација во Република Македонија, која изнесува 21 милион швајцарски франци. Локалното учество на општина Кочани е два милиони швајцарски франци.

Испрати коментар

Scroll To Top