Насловна / Вести / Во подготовка и вториот агросоларен парк во Србија

Во подготовка и вториот агросоларен парк во Србија

Најавен е и вториот агросоларен парк во Србија (после Agroslolar Kula), кој ќе биде изграден во близината на Сремска Митровица. Станува збор за израелски инвеститори, а ваквиот концепт станува се поатрактивна опција и за производство на електрична енергија и за производство на храна. Имено, под фотоволтаичните панели ќе с еодгледуваат земјоделски култури кои се компатибилни со видот на панелите и на тој начин ќе се зголеми искористеноста на земјиштето, бидејќи од една иста површина се добиваат два производи – енергија и храна. Инвеститор е белградската компанија L.O.I 360 Strategy and Business Development, чиј мнозински сопстваник е израелскиот L.O.I 360 Strategy and Business Development ltd.

agrosolar1

Подрачјето на проектот зафаќа површина од околу 320,49 хектари, на десниот брег на Сава, во крајниот источен дел на мачванскиот дел на територијата на градот.

agrosolar2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top